fbpx
Panel Discussion: Perspectives on the Development of the Digital Market in Macedonia

Панел дискусија: 
Перспективи на развојот на дигиталниот пазар во Македонија

Објавено од Marketing365

ИАБ Македонија, асоцијацијата која ги обединува интернет порталите, агенциите и огласувачите од земјава, во четврток (05.09.2019), со почеток од 18:30 часот во хотел DoubleTree By Hilton организира отворена панел дискусија на тема “Перспективи на развојот на дигиталниот пазар во Македонија“.

Целта е да се дискутираат актуелните теми и предизвици поврзани со понатамошниот развој на македонскиот дигитален пазар, зголемување на интернет огласувањето, развојот на нови интерактивни формати на огласување, саморегулацијата на интернет медиумите, регистарот на онлајн портали што го прифаќаат Етичкиот Кодекс на ИАБ и останатите аспекти во релацијата огласувачи-медиуми-институции.

Повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MKMK