fbpx

Начини за оптимизирање на вашата веб-страница за е-трговија

Е-трговијата го смени начинот на кој луѓето купуваат. Мнозинството купувачи претпочитаат да пребаруваат на Интернет, да го најдат она што го сакаат, и да го нарачаат. Се чини дека купувањето преку Интернет го измени однесувањето на потрошувачите на повеќе од еден начин. Ваквите промени ги натераа сопствениците на бизниси да отворат веб-страници за е-трговија, за да се прилагодат кон новите трендови.

Ако планирате да започнете онлајн бизнис или можеби веќе имате, потребно е да знаете како да ја оптимизирате вашата веб-страница за е-трговија. Следниве совети можат да ви помогнат ефикасно да ја оптимизирате вашата веб-страница за е-трговија.

Важно е да ја зголемите брзината на вашата страница.Онлајн купувачите не се многу наклонети кон чекање. Знаат дека постојат голем број на други веб-страници каде што можат да пребаруваат за производите за кои се заинтересирани, кога веб страницата нема брзо да се вчита или да работи како што се очекува.

Запознајте се со render start time (RST) RST е времето што е потребно за веб страницата да ја прикаже својата прва страница или содржина. Кога RST е подолг од вообичаеното, не можете да очекувате вашите купувачи да чекаат. Исто така, Google при рангирање на веб -страниците ја зема предвид брзината на страницата. За да ја проверите брзината на вашата страница, можете да користите Google Checker. 

Проверете ги овие совети подолу за тоа како можете да ја зголемите брзината на вчитување на вашата веб -страница::

• Намалете ја големината на податоците на вашите датотеки. Можете да го направите ова со компресирање фотографии, видеа и други содржини.

• Користете побрз веб хостинг план, ако можете да си го дозволите тоа. Цената може да е повисока, но конкурентен хостинг план потенцијално може да ја зголеми брзината на вчитување на вашата веб страница.

• Намалете го бројот на плагини. Колку повеќе плагини има, толку повеќе ресурси ќе бидат потребни за да работат. И, избришете ги неактивните плагини.

Постојат неколку начини на кои можете ја зголемите брзината на вашата веб страница. Ако не сте сигурни што да примените за вашата веб страница, можете да не контактирате. Ќе ви помогнеме при оптимизирање на вашата веб-страница за е-трговија. Исто така нудиме услуги за вашата маркетинг стратегија и активности.

Бесплатен вебсајт билдер на Маилчимп

Mailchimp, познати како платформа за е-маил маркетинг за мали компании ги прошири своите услуги и во друга маркетинг област. Тие ја претставија новата платформа за градење веб-страници.

И досега компанијата хостираше лендинг страници до кои посетителите доаѓаат со линк од емаил маркетинг кампања. Новиот веб-сајт билдер лансиран во бета верзија, нуди едноставни шаблони што корисниците можат да ги користат за да креираат веб страници и без познавање на кодирање. За да се лансира сајтот потребно е само да се регистрира име на домен (може да се користи и постоечки домен, или може да користи генеричко име, пр. bussinessname.mailchimpsites.com) да се креира сајтот и истиот ќе се хостира на нивната веб-страница бесплатно.

Отсега корисниците можат да стигнат до клиентите и да ги реализираат своите маркетинг кампањи од иста платформа.  Новиот веб-сајт билдер  се интегрира со е-маил форми, лендинг страници, формулари за регистрација, објави на социјалните мрежи и реклами.

5 додатоци за Google Chrome кои со сигурност можат да Ви користат

“Check My Links”

Бесплатниот додаток “Check My Links” Ви овозможува да ги „чешлате“ сите линкови во текстот што сте го објавиле или сакате да ги објавите. Откако ќе го инсталирате овој додаток на Google Chrome и ќе ја отворите страницата што сакате да ја проверите, кликнете на иконата Check My Links и во специјалниот прозорец ќе ги видите сите врски - оние што не се во ред се црвени, оние што се проблематични се жолти, а линковите каде е сè добро се зелени. На овој начин, знаете дали поврзувањето е добро или не.

Momentum

Momentum е исто така бесплатен додаток за Google Chrome кој работи според принципот „Она што треба да се направи“. Секој пат кога ќе го отворите Хром, во моментот ќе ве праша која е вашата главна задача за тој ден, што значи дека целта на овој додаток е да ве води низ вашите обврски и да ви помогне да не прескокнете нешто или да заборавите на тоа. Корисно, нели?

“Grammarly”

Ако работите на англиски јазик, овој додаток на Google Chrome е сè што некогаш сте посакале да го имате! Претпоставувам, благодарение на него може да се збогувате со граматичките грешки и на блоговите и на најавите на социјалните мрежи, затоа што граматички ќе ве исправи! И да, бесплатно е!

“Discoverly”

Со овој бесплатен додаток, ќе можете да ги откриете сите ваши профили на социјалните мрежи (и вообичаени линкови) со личноста за која сте заинтересирани и можеби ќе сакате да се поврзете. Со оглед на тоа што „Discoverly“ соработува со Gmail, истата ознака ќе се појави кога ќе кликнете на е-пошта.

“GYPHY”

Мора да сте слушнале за GYPHY, само што не знаете дека тоа е додаток на Google Chrome. Благодарение на тоа, можете лесно да додадете Gif каде и да сакате.

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ СТРАНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Оптимизацијата на страницата за побрзо вчитување на страниците на вашиот Wortdpress може да има големо влијание врз вашите дигитални резултати. Побрзото вчитување на страниците прави помалку посетители да се откажат од прегледот, корисниците ќе имаат подобро корисничко искуство и ќе продолжат да ги читаат другите страници, а пребарувачот на Google ќe може да ве фаворизира повеќе, што ќе направи Вашата веб-страница да има севкупно повисок ранг на Интернет.

Дополнително , Google и другите пребарувачи започнаа да ги казнуваат бавните веб-страници со тоа што ги поставуваат на пониски позиции во резултатите од пребарувањето, што автоматски значи помалку посети на страната.

Значи, ако сакате повеќе посетители, повеќе претплатници, подобар профит од вашата веб-страница, треба да бидете сигурни дека вашата страница на WordPress е брза.

mk_MKMK