fbpx

Бесплатен вебсајт билдер на Маилчимп

Mailchimp, познати како платформа за е-маил маркетинг за мали компании ги прошири своите услуги и во друга маркетинг област. Тие ја претставија новата платформа за градење веб-страници.

И досега компанијата хостираше лендинг страници до кои посетителите доаѓаат со линк од емаил маркетинг кампања. Новиот веб-сајт билдер лансиран во бета верзија, нуди едноставни шаблони што корисниците можат да ги користат за да креираат веб страници и без познавање на кодирање. За да се лансира сајтот потребно е само да се регистрира име на домен (може да се користи и постоечки домен, или може да користи генеричко име, пр. bussinessname.mailchimpsites.com) да се креира сајтот и истиот ќе се хостира на нивната веб-страница бесплатно.

Отсега корисниците можат да стигнат до клиентите и да ги реализираат своите маркетинг кампањи од иста платформа.  Новиот веб-сајт билдер  се интегрира со е-маил форми, лендинг страници, формулари за регистрација, објави на социјалните мрежи и реклами.

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ СТРАНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Оптимизацијата на страницата за побрзо вчитување на страниците на вашиот Wortdpress може да има големо влијание врз вашите дигитални резултати. Побрзото вчитување на страниците прави помалку посетители да се откажат од прегледот, корисниците ќе имаат подобро корисничко искуство и ќе продолжат да ги читаат другите страници, а пребарувачот на Google ќe може да ве фаворизира повеќе, што ќе направи Вашата веб-страница да има севкупно повисок ранг на Интернет.

Дополнително , Google и другите пребарувачи започнаа да ги казнуваат бавните веб-страници со тоа што ги поставуваат на пониски позиции во резултатите од пребарувањето, што автоматски значи помалку посети на страната.

Значи, ако сакате повеќе посетители, повеќе претплатници, подобар профит од вашата веб-страница, треба да бидете сигурни дека вашата страница на WordPress е брза.

mk_MKMK