fbpx

Дигитални трендови во HR

Дигиталниот HR процес ја користи технологијата со цел да се добие поефикасна и подобрена вредност на човечките ресурси.
Дигитализирањето на човечките ресурси HR е оптимизација на процесите во кој социјалните, мобилните, аналитичките и клауд технологиите (SMAC) се користат за да ги направат човечките ресурси поефикасни, со поголем импакт и поврзани.
Примената на новите технологии не е единственото што го дигитализира процесот на човечки ресурси. Дигиталниот процес на HR исто така треба да ги усогласи културата, талентот, структурата и процесите, за да ја балансираат ефикасноста и иновативноста, како и да одржуваат мерливо влијание за поголема организација.
Според Дејв Улрих, дигиталното патување со хумани ресурси на која било компанија вклучува четири фази:

1. Ефикасност на човечки ресурси. Во оваа фаза, компаниите инвестираат и градат технолошки платформи кои ефикасно управуваат со процесите на хумани ресурси; често преку постојните даватели на технологија за HR.
2. Ефективност на човечки ресурси. Во оваа фаза, технологијата се користи за надградба на вештините кај вработените (обуки), управување со перформансите, комуникацијата и работата
3. Информации. Во оваа фаза, информациите се споделуваат за влијанието врз деловните активности. Податоците се достапни, внатрешните податоци се комбинираат со надворешни податоци, а аналитиката на луѓе се користи за да создаде увид во деловните активности.
4. Врска / искуство. Во последната фаза, дигиталниот HR се користи за да се создаде врска помеѓу луѓето. Социјалните мрежи се користат, се создаваат искуства меѓу луѓето и технологијата овозможува зголемено чувство на припадност.

Како дигитализацијата на HR ги трансформира човечките ресурси

Исто како што дигиталната технологија го промени нашиот секојдневен живот, таа сега го трансформира делот на човечки ресурси. Меѓу другото овозможува :

Користење податоци и аналитика
Полека, но сигурно, HR почнува да ја разбира вредноста на аналитиката на податоците што може да ја додаде во бизнисот. Со дигиталните алатки се мери секој циклус на вработувањето: Претселектирање, учење и развој (L&D), ангажирање на вработените ...

Подобрено искуството на вработените
За вработените во 21 век, линијата помеѓу нивниот професионален и личен живот е недефинирана. Да, вработувачите ќе ги проверат нивните профили на социјалните медиуми за време на работното време, но вработените подеднакво ќе ги проверат и нивните емаил пораки од работа во текот на викендот.
Како такви, тие очекуваат да бидат третирани како клиенти и сакаат нивниот работодавец да им обезбеди слично корисничко искуство кога станува збор за дигиталното работно опкружување.

Конкурентнoст во војната за таленти
Генерацијата Милениуми и генерацијата З - со други зборови, (идната) работна сила - постојано се поврзани со социјалните медиуми и нивните телефони. Компаниите кои ги користат дигитални технологии за човечки ресурси за најразлични цели, сметаат дека сорсингот, предселекцијата и постојаното надоградување и учење се значајна конкурентска предност во процесот на вработување на оваа генерација на работници.

Извор  https://www.digitalhrtech.com/digital-hr-trends/

Нови трендови за вработување што треба да ги спроведете во 2019 година

Топ тренд на вработување бр. 1
Начинот на кој вработуваме е сосема сменет. Во споредба со од пред неколку години, кандидатите сега имаат многу поголема моќ во однос на достапност на информациите за барање работа.
Според направените истражувања, сегашниот пазар на труд е 90% управуван од кандидатите. Тоа значи дека веќе не избирате таленитрани вработени, тие Ве избираат Вас.
Како резултат на тоа, пронаоѓањето и најмувањето идеални кандидати за работа, особено оние со вештини, стана исклучително тешко, скапо и одзема многу време.

Топ тренд на вработување бр. 2: Маркетинг за вработување


Што е маркетинг за вработување?
Маркетинг стратегијата за вработување се заснова врз имплементација на маркетинг тактики при вработување. Маркетингот на регрутирање е процес на негување и привлекување талентирани индивидуи за работа во Вашата организација.

Важноста на маркетингот за вработување..
Маркетингот за вработување е дисциплина која е воведена како последица на сегашната состојба на пазарот на трудот. Неговата главна цел е да ги следи најновите трендови на пазарот и да понуди решенија за компаниите кои најдобро ги прифаќаат овие нови предизвици. Компаниите кои први ќе ги усвојат овие нови практики за вработување, најверојатно ќе ги привлечат најдобрите таленти. Ова е причината зошто Маркетингот за вработување ќе биде единствениот врв на трендовите за вработување 2019 година.

Што е влезно регрутрање?
Влезно регрутирање е маркетинг стратегија за вработување каде што проактивно и постојано привлекувате кандидати со цел да ги натерате да ве изберат како нивни следен работодавец. Вашата цел во влезното вработување е да привлечете, конвертирате и ангажирате кандидати.

Топ тренд на вработување бр. 3: Брендирање на работодавачи

Што е бренд на работодавач?
Бренд на работодавач е термин кој обично се користи за да се опише угледот и популарноста на организацијата како работодавач и неговата вредност од страна на вработените, наспроти поопштата репутација на корпоративниот бренд и исказот за вредност на клиентите.

Важноста на брендирање на работодавачите
Истражувањата од LinkedIn докажаа дека повеќе од 75% од лицата кои бараат работа истражуваат за репутацијата на компанијата и брендот на работодавачот пред да аплицираат. Компаниите со лоша репутација не само што се борат да привлечат кандидати, туку и се борат да ги задржат вработените. Ова е причината зошто брендирањето работодавачи е еден од врвните трендови на вработување во 2019 година!

mk_MKMK