fbpx

Студија на Фејсбук покажува како социјалните медиуми можат да влијаат врз нашето однесување на одмор

Научниците на „Фејсбук“ сакајќи да дознаат повеќе за тоа што може да откријат сликите направени на одморите/патувањата за однесувањето на туристите и за најпопуларните локации во светот , искористиле околу 58.000 фотографии со гео-ознака за да помогнат во тоа, користејки вештачка интелегенција.

Концептот е интересен. Туристичките дестинации честопати стануваат популарни затоа што се споделуваат во форма на слики преку Интернет. Тоа, пак влијае на тоа каде патуваат луѓето (во време кога е можно такво нешто), па дури и на видовите фотографии што ги прават кога ќе се таму. За да се истражи овој феномен, истражувачите на Фејсбук користеле алгоритми на вештачка интелигенција за да анализираат масивна архива на слики на Flickr, направени меѓу 2004 и 2019 година, за да откриат некои од овие детални и уникатни сознанија.

Во студијата, научниците на „Фејсбук“ разгледувале збирни туристички движења низ туристичките места за да ја откријат популарноста на секоја од нив, колку често се фотографира и како и други факторите што можат да влијаат на тоа, како визните регулативи и слично . Користејќи ги алгоритмите за визуелно групирање, тие ги утврдиле најпопуларните фотографирани локации. За овој труд, тие се фокусираа на Куско, Перу. Сепак, истата техника може да се користи за кое било историско место.

Прочитај оригинален текст

mk_MKMK