fbpx

Нови трендови за вработување што треба да ги спроведете во 2019 година

Топ тренд на вработување бр. 1
Начинот на кој вработуваме е сосема сменет. Во споредба со од пред неколку години, кандидатите сега имаат многу поголема моќ во однос на достапност на информациите за барање работа.
Според направените истражувања, сегашниот пазар на труд е 90% управуван од кандидатите. Тоа значи дека веќе не избирате таленитрани вработени, тие Ве избираат Вас.
Како резултат на тоа, пронаоѓањето и најмувањето идеални кандидати за работа, особено оние со вештини, стана исклучително тешко, скапо и одзема многу време.

Топ тренд на вработување бр. 2: Маркетинг за вработување


Што е маркетинг за вработување?
Маркетинг стратегијата за вработување се заснова врз имплементација на маркетинг тактики при вработување. Маркетингот на регрутирање е процес на негување и привлекување талентирани индивидуи за работа во Вашата организација.

Важноста на маркетингот за вработување..
Маркетингот за вработување е дисциплина која е воведена како последица на сегашната состојба на пазарот на трудот. Неговата главна цел е да ги следи најновите трендови на пазарот и да понуди решенија за компаниите кои најдобро ги прифаќаат овие нови предизвици. Компаниите кои први ќе ги усвојат овие нови практики за вработување, најверојатно ќе ги привлечат најдобрите таленти. Ова е причината зошто Маркетингот за вработување ќе биде единствениот врв на трендовите за вработување 2019 година.

Што е влезно регрутрање?
Влезно регрутирање е маркетинг стратегија за вработување каде што проактивно и постојано привлекувате кандидати со цел да ги натерате да ве изберат како нивни следен работодавец. Вашата цел во влезното вработување е да привлечете, конвертирате и ангажирате кандидати.

Топ тренд на вработување бр. 3: Брендирање на работодавачи

Што е бренд на работодавач?
Бренд на работодавач е термин кој обично се користи за да се опише угледот и популарноста на организацијата како работодавач и неговата вредност од страна на вработените, наспроти поопштата репутација на корпоративниот бренд и исказот за вредност на клиентите.

Важноста на брендирање на работодавачите
Истражувањата од LinkedIn докажаа дека повеќе од 75% од лицата кои бараат работа истражуваат за репутацијата на компанијата и брендот на работодавачот пред да аплицираат. Компаниите со лоша репутација не само што се борат да привлечат кандидати, туку и се борат да ги задржат вработените. Ова е причината зошто брендирањето работодавачи е еден од врвните трендови на вработување во 2019 година!

5 додатоци за Google Chrome кои со сигурност можат да Ви користат

“Check My Links”

Бесплатниот додаток “Check My Links” Ви овозможува да ги „чешлате“ сите линкови во текстот што сте го објавиле или сакате да ги објавите. Откако ќе го инсталирате овој додаток на Google Chrome и ќе ја отворите страницата што сакате да ја проверите, кликнете на иконата Check My Links и во специјалниот прозорец ќе ги видите сите врски - оние што не се во ред се црвени, оние што се проблематични се жолти, а линковите каде е сè добро се зелени. На овој начин, знаете дали поврзувањето е добро или не.

Momentum

Momentum е исто така бесплатен додаток за Google Chrome кој работи според принципот „Она што треба да се направи“. Секој пат кога ќе го отворите Хром, во моментот ќе ве праша која е вашата главна задача за тој ден, што значи дека целта на овој додаток е да ве води низ вашите обврски и да ви помогне да не прескокнете нешто или да заборавите на тоа. Корисно, нели?

“Grammarly”

Ако работите на англиски јазик, овој додаток на Google Chrome е сè што некогаш сте посакале да го имате! Претпоставувам, благодарение на него може да се збогувате со граматичките грешки и на блоговите и на најавите на социјалните мрежи, затоа што граматички ќе ве исправи! И да, бесплатно е!

“Discoverly”

Со овој бесплатен додаток, ќе можете да ги откриете сите ваши профили на социјалните мрежи (и вообичаени линкови) со личноста за која сте заинтересирани и можеби ќе сакате да се поврзете. Со оглед на тоа што „Discoverly“ соработува со Gmail, истата ознака ќе се појави кога ќе кликнете на е-пошта.

“GYPHY”

Мора да сте слушнале за GYPHY, само што не знаете дека тоа е додаток на Google Chrome. Благодарение на тоа, можете лесно да додадете Gif каде и да сакате.

ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ СТРАНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ

Оптимизацијата на страницата за побрзо вчитување на страниците на вашиот Wortdpress може да има големо влијание врз вашите дигитални резултати. Побрзото вчитување на страниците прави помалку посетители да се откажат од прегледот, корисниците ќе имаат подобро корисничко искуство и ќе продолжат да ги читаат другите страници, а пребарувачот на Google ќe може да ве фаворизира повеќе, што ќе направи Вашата веб-страница да има севкупно повисок ранг на Интернет.

Дополнително , Google и другите пребарувачи започнаа да ги казнуваат бавните веб-страници со тоа што ги поставуваат на пониски позиции во резултатите од пребарувањето, што автоматски значи помалку посети на страната.

Значи, ако сакате повеќе посетители, повеќе претплатници, подобар профит од вашата веб-страница, треба да бидете сигурни дека вашата страница на WordPress е брза.

3 НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ КОИ СЕ ПРАВАТ НА ИНСТАГРАМ

# 1 Купување на следбеници

Популарните компании работат напорно за да зградат силно присуство на оваа социјална мрежа, но со купување на вашиот пат до врвот нема да постигнете голем успех

Како експеримент, Hotsuit создаде лажен профил и купи следбеници на Инстаграм за да открие што ќе се случи. Истражувањето покажа две главни работи со оваа тактика:

1. Ангажирање на следбеници (ангажман) е на исто ниво. Иако првиот ден имаше 1000 следбеници, содржината што беше објавувана подоцна не доби никакви коментари не првивлече нови следбеници.

2. Ризична публика. Испитувајќи ги следбениците, се заклучи дека претежно тинејџери објавуваат несоодветна содржина. Ова не се корисници со кои фирмата би сакала да се поврзе.

Наместо да купувате публика, подобро е да направите планирана стратегија, да поставите паметни цели, да објавувате добра содржина и да ја ангажирате публиката повеќе.

# 2 Игнорирање на бројките

Кога креирате профил, може да биде примамливо да започнете да поставувате најави и да не се обрнувате премногу на одѕивот на корисниците. Но, за да го искористите целиот потенцијал на Инстаграм, мора да обрнете внимание на бројките/резултатите. Може да процените кој вид содржина поминува кај публиката, кое е најдобро време за објавување или кои наслови предизвикуваат најголем ангажман во публиката. Сето ова може да биде од голема корист кога сакате Вашиот бренд да го направите препознатлив и да огласувате на социјалните мрежи.

Што треба да се мери на Инстаграм?

  • -Бројот на следбеници, растот и нивната загуба
  • -Нивниот ангажман (коментари)
  • -Употреба на вашиот хаштаг #
  • -CTR за вашиот URL во описот
  • -Споменувања (колку други споменуваат во вашите објави)
  • -Фреквенција на соопштенија
  • -Демографските карактеристики на вашата публика
  • -Времето на ангажирање на публиката
  • -Продажба преку Инстаграм (со создавање на специјален купон на Инстаграм)

-Еден начин да се следат, секако е делот за увид на вашата сметка, кој обезбедува увид во тоа кои се вашите следбеници, кога се на Интернет, итн. Исто така, можете да видите увид и за индивидуални објави и приказни.

Иако бројките и статистиката не го мерат вашиот успех на Инстаграм, тие сигурно можат да ви помогнат да добиете индикација дека работите добро или не.

# 3 Премногу промотивни активности

Како и со сите други видови на промотивни алатки и други социјални мрежи (особено Фејсбук), постојаното наметнување на Вашиот бренд на Инстаграм е всушност начин да ја задржи публиката настрана.

Ако имате производ или лого на секоја слика, следбениците ќе почнат да губат интерес. Наместо тоа, обидете се да направите нешто посуптилно, обидете се да прикажете интересна содржина со вредностите што ги претставува вашиот бренд. Ако не сте сигурни како да го направите ова на најдобар начин, ангажирајте професионалци за да ги водат вашите профили за социјално вмрежување. Можете исто така да се запишете курс од дигитален маркетинг и да го проширите своето знаење.

На пример, ИКЕА во Канада создаде профил во кој се прикажани слики од вработените луѓе, заедницата во која работат, содржината за животниот стил што тие ја имаат, на суптилен начин, поблизу до публиката и нивните производи. Ова исто така гради визуелен приказ на брендот, што покажува како производите можат да изгледаат во реалноста.

mk_MKMK